Две лица загинаа, а 14 се повредени во експлозијата која ноќеска уништи три соседни ниски згради во северниот пристанишен град Антверпен, соопшти белгиската полиција.
Полицијата објави дека експлозијата не била резултат на терористички напад, но се уште нема официјално соопштение за причините. Најверојатно се работи за истекување на гас.
Една од трите куќи целосно е уништена. Од под урнатините се извлечени седум лица, а спасувачките тимови се уште работат на терен.
Пет лица се хоспитализирани со сериозни повреди, додека еден човек е во критична состојба.
Белгија е во состојба на зголемена тревога по крвавите самоубиствени бомбашки напади во 2016 година и бранот исламистички напади во Европа.