Две апсења на скопскиот аеродром


Две лица се уапсени на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во текот на вчерашниот ден.aerodrom-departures-mk

Утрото во 06.00 часот на грничниот премин на аеродромот ,,Александар Велики“ во Скопје, при пасошка контрола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на патна исправа, приведен е A. C. (20) од Р.Албанија. Со истиот е обавен разговор, по што со Потврда за предавање на лице, е предаден на инспектор за понатамошна постапка.

Во 12.20 часот, пак, исто така, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Џ.О. (41) од с.Сингелиќ, скопско, евидира со мерка „апси“. Лицето е приведено и во 14.45 часот, со Потврда за предавање на лице, е предадено на полициски службеници од ПО Петровец за понатамошна постапка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1