Една преплашена жена открила дека човекот со којшто била во врска и живееле заедно, две години ја силувал додека таа спиела, пренесува Дејли мејл.
Наоми Хемпсон вели дека тој и ставал седатив во пијалакот, па потоа ја силувал, и ги лакирал ноктите и ја сликал.
Нејзиното поранешно момче, Роберт Фраер, бил син на полицаец, а откако во нивниот стан била направена рација поради ненаведени причини, го откриле седативот кој бил користен за овој грозен чин.
-Се ужаснувам на самата помисла и ми се гади што сум живеела со ваков психопат. Фала му на Господ што беше направена рацијата, зашто доколку не се случеше тоа, којзнае уште колку време ќе се случуваше ова, вели Наоми.
Роберт Фаер признал дека во периодот од 2009 до 2011 трипати ја силувал Наоми додека таа спиела, а осуден е на осум години затворска казна.