Две лица силувале 4- годишно девојче, па го претепале со камења


Индиската полиција вчера уапси две лица поврзани со силување на четиригодишно девојче, кое беше пронајдено од нејзините родители во несвесна состојба во близина на железничката станица во Њу Делхи

siluvac pedofil

Девојчето е силувано и претепано со камења во четвртокот.

– Ги испитуваме луѓето кои се во притвор и се обидуваме да му помогнеме на таткото на жртвата да најде најдобра медицинска нега за своето дете, изјави високиот полициски офицер Вијај Синг.

Колективното силување и убиство на студентката во 2012 година во Њу Делхи доведе до протести и поригорозни закони за сторителите, но бројот на случаеви на силување не е намален.

Полицијата во Њу Делхи годинава има регистрирано над 1.000 силувања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1