Федералната служба за безбедност соопшти дека денеска се упасени две лица осомичени за убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов. Шефот на ФСБ, Александар Бортников, изјави дека тие се идентификувани како Анзор Губашев и Заур Дадаев, а потекнуваат од рускиот јужен регион Северен Кавказ.
Бортников информираше дека осомничените Губашев и Дадаев се уапсени врз основа на досегашната истрага, наведуајќи дека автомобилот во кој биле уапсените е пронајден многу брзо по убиството на Немцов, а во него биле пронајдени биоматеријали кои помогнале да им се влезе во трага. Истрагата ја води заедничка работна група, која ги вклучува полицијата, Федералната Служба за безбедност и рускиот Истражен комитет.
Атентатот врз Немцов, еден од најгласните критичари на политиката на претседателот Путин, се случи на 27 февруари, во близина на Црвениот плоштад во центарот на Москва, два дена пред закажаниот митинг на опозицијата против војната во Украина.