Две пратенички од СДСМ, денеска до собранието поднеле барање за повлекување на оставките. Се работи за Созла Грчева и Љубица Буралиева, дознаваме од високи извори од раководството на СДСМ.
Пратеникот на СДСМ, Љубица Буралиева потврди за МРТ дека ќе остане пратеник во Собранието. Таа изјави дека не се согласува со бојкотот и дека нема намера да го врати мандатот.
Пратеничката Роза Топузова- Каревска од ЛДП беше првата која не го врати пратеничкиот мандат.
Солза Грчева беше на 6-та позиција на партеничката листа во првата изборна единица, Љубица Буралиева на 4-та во втората. И покрај повлекувањето на оставките на Буралиева и Грчева, кои беа едни од ретките кои во изминатиото период јавно се произнесоа против потезите на челниците од “Бихаќка” раководството цврсто останува на својот став
Од таму за Алфа тврдат дека, овие потези нема да ги предомислат ниту раководството, ниту останатите пратеници од листите на СДСМ во бојкотот на собранието и институциите ан системот.
Солза Грчева беше професор по информатика науниверзитетот ФОН во Скопје, а Љубица Буралиева е долгогодишен новинар во македонската радио телевизија, со последна позиција на новинар во вестите на првиот канал на МРТ.
“Јас со крвава работа во советот ја добив честа да бидам на пратеничката листа на опозицискиот блок. До последен момент, до среда кога конечно треба да ни биде верификувано враќањето на мандатот ќе бидам гласна дека овој бојкот што го предложи раководството за мене не е прифатлив и сметам дека поинаку треба да ја водиме борбата за уривање на власта. Ќе размислувам до последен момент и како ќе продолжам ќе биде моја одлука”, изјави Грчева за Алфа.
Во Среда треба да се верификуваат поднесените оставки на пратениците на сдсм и опозицијата. Со Грчева и Буралиева, сега тројца пратеници од листите на сдсм и опозицијата остануваат во собранието. Меѓу нив е и Роза Топузова – Каревска која до денеска беше единствената која не го врати мандатот кој и го дадоа граѓаните.