Две приватни клиники ќе останат без дозвола за работа по смртта на пациент од Ресен


Двете приватни ординации инволвирани во случајот со починатиот пациент од Ресен ќе останат без дозвола за работа. На барање на ДСЗИ заради утврдени неправилности министерството за здравство донело одлука за одземање на дозволите на ПЗУ ”Јанита“ на доктор Звонко Николовски и на ординацијата за пластична и реконструктивна хирургија “д-р Крсто Митаноски” во Аеродром, потврди за Сител министерот Венко Филипче.

– Министерството за здравство ги анализира сите договори издадени на правни субјекти, односно ординации за вршење на здравствена дејност и ќе побара од ДСЗИ вонреден инспекциски надзор во истите, велат од министерството.

Од здравствениот инспекторат вчера потврдија дека по случајот со смртта на 39 годишниот ресенчанец веднаш излегле на терен и почнале со вонредните контроли.

– Според нашиот регистар имаме 6500 правни субјекти, од кои 5 болници и 5 ординации за хируршки интервенции, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

ДСЗИ целокупната документација околу лекувањето и интервенцијата на младиот ресенчанец ќе ја предадат во основното обвинителство, од каде на прашањето од Сител одговорија дека го следат случајот.

– Јавното обвинителство ги следи сите информации за настанот. Случајот го испитува Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а доколку бидат утврдени елементи на сторено кривично дело, јавното обвинителство ќе постапува согласно своите надлежности, се вели во одговорот од обвинителството.

Здравствените инспектори при вонредниот надзор констатирале дека докторот кој ја извршил интервенцијата на сега починатиот пациент не смеел да оперира надвор од просториите на ПЗУ Јанита, а сопственикот на ординацијата во Аеродром работел нелегално бидејќи бил пензионер од 2012 година. Токму во истите простории докторот Николовски пријавил дека извршил 130 интервенции.

Случајот го следи и Лекарската комора која е надлежна за лиценците од каде велат дека досега немале добиено официјално барање од ниту една институција ниту поединец за да почнат било каква постапка.

Sitel.com

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1