Две тела, маж и жена, лежат во скопско Ново Лисиче


Според информациите до кои дојде Press24 две тела лежат во скопски Аеродром станува збор за маж и жена.

Има информација дека околу 20 часот и 30 минути поточно на почетокот на скопската населба Ново Лисиче се слушнале истрели.Инцидентот се случил пред маркетот на Рамстор.

policija centar nokjСлучајот пред 15 минути според порталот пријавен на линијата 192. Според очевидци, кога пристигнала полицијата, жената давала знаци на живот. Покрај телата имало и пиштол, а соседите слушнале истрели од огнено оружје. Најверојатно станува за меѓусебно недоразбирање меѓу мажот и жената кое завршило со пресметка со оружје.

На терен  во близина на Рамстор во Реонскиот центар во Аеродром има голем број полициски службеници и две возила на Брза Помош. Нашите извори велат дека мажот веќе починал, а каква е состојбата на жената се уште нема информации.

Обновено 

Ја убил девојка си па си го одземал животот. Вистинска трагедија на двајца млади луѓе се случувала вечерва во скопската населба Аеродром.

Убиството и самоубиството се случувале во реонскиот центар Аердром на Видое Смилевски Бато во влезот непосредно пред зградата со број 10. На настанот му претходела караница помеѓу момчето и девојката на која сведоци биле посетитетлите на соседното кафуле. Во моментот на пукањето локалот бил полн со гости, велат очевидци.

Иако едно од двете лица давало знаци за живот, Брзата помош не успеала да се избори за неговиот живот. Во моментов на местото на настанот има огромно полициско присуство. Увидот е сеуште во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1