Двајца мртви мажи починаа денеска од студ во Бугарија, на североистокот на земјата, каде е прогласена вонредна состојба поради исклучително ниските температури и обилните снежни врнежи.
Бугарското радио јави дека 60-годишен маж е пронајден смрзнат во својот автомобил на еден селски пат, додека вториот 70-годишен маж е пронајден мртов со смрзнатини по телото во градот Варна, на брегот на Црното Море.
Бројот на жртвите од студот што ја погоди Бугарија за една недела се зголеми на шест лица.
Над 200 села на југоистокот на Бугарија од вчера се без струја, додека вкупно 494 училишта ширум земјата денеска се затворени.