Двете деца му умираат, а таткото може да донира орган на едно


Кога Мишел и Џоун Вагнер посвоиле близначки од Виетнам, тие имале по само 18 месеци и тежеле по неверојатни 4 килограми…

Подоцна дознале дека тие имаат некоја болест поради која им откажуваат органите, а близначките Бин и Пок биле во страшна физичка состојба.decinja

На девојчињата во исто време почнал да им откажува црниот дроб, поради што трансплантацијата била единствено решение за спас на нивниот живот.

За среќа, црниот дроб на Мишел бил погоден за трансплантација, но тој не можел да им помогне на двете, туку можел само на една од близначките да им донира орган.

Во меѓувреме тие отвориле профил на Фејсбук во потрага по уште еден донатор, а се надеваат дека ќе се најде хуман човек кој ќе спаси живот на едно од девојчињата.

Она што е малку проблематично е фактот што операцијата треба да се направи во рок од две недели, што е навистина малку време за да се најде соодветен донатор.

Родителите се надеваат дека ќе се најде спас за двете девојчиња, а во меѓувреме очекуваат чудо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1