Двете силувани деца од КП Велес во иста зграда со силувачите- Охридскиот затвор


Двете силувани деца од казнено поправниот дом во Велес од понеделникот се сместени во иста зграда со силувачите кои одлежуваат казна во затворот во Охрид, пишува телма

Така одлучи владата на седница, оти малолетничкиот дом во Велес ќе се реновира. Сите 25 штитеници на домот се префрлени во охридскиот затвор.zatvor kjelija

Извори од малолетничкиот дом пак потврдуваат дека  постои опасност истите деца повторно да станат жртви на злоупотреба. Директорот Бранко Манојловски, во изјава за Телма негира.

Двајцата малолетници кои го извршија силувањето се изолирани, и не може да го повторат делото. Децата од велес се оддвоени од охридските затвореници и не постои опасност, вели Манојловски.

Директорката на управата надлежна за затворите Лидија Гавриловска не бееше достапна да одговори дали мешањето на децата од велешкиот дом со затворениците од Охрид  е вистинско решение. Народниот правобранител се заинтересира за случајот и денеска ги исптува условите во кои се сместени децата. До крајот на неделата би требало да има препораки за институциите.

Инаку во ВПД во Велес минатата година во два наврати неколкумина малолетници силуваа други а еден од силувачите со нож го нападна и лекарот. По ова силувачите завршија во затвор во Охрид, истиот во кој сега се сместени и жртвите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1