Србија лута: Никој не смее да фрла солзавец на наша тероторија – ЕУ мора да реагира


Српскиот премиер Александар Вучиќ вечерва го осуди бруталното однесување на унгарската полиција кон бегалците на граничниот премин Хоргош и нападите врз новинари, повикувајќи ја ЕУ да реагира.

Тој порача дека Србија ќе се однесува одговорно и ќе ги штити своите граѓани и територијата, додавајќи дека за в петок е закажана седница на Бирото за координација на безбедносните служби.vucic

Вучиќ во изјава за РТС од Вашингтон истакна дека членките на ЕУ мора да се однесуваат согласно европските правила и вредности и побара од Унијата да реагира.

– Србија знае да ја штити својата земја, националното достоинство и својата територија, а ако биде потребно и од ЕУ ќе ги штитиме европските вредности, нагласи српскиот премиер.

Дачиќ потенцира дека Србија, не по своја вина, е доведена во тешка ситуација, но со одговорна и сериозна политика ќе му помогне на својот народ и на никој нема да му дозволи „да не понижува или фрла солзавец на наша територија“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1