Двојките од Танц со ѕвездите ќе танцуваат за Боро Стајиќ, 18-годишен тинејџер кој се здоби со повреда на 4. и 5. р’бетен пршлен и има целосна парализа на рацете и нозете
Танцовите двојки од Танц со ѕвездите ќе покажат што научиле за да му помогнат на несреќниот тинејџер.
– Она што најмалку можам да го направам е да играм, пеам и помогнам за Боро… Од душа ќе играм танго, а играјќи ќе се молам за денот кога истото ќе можам да го направам со Боро… и верувам дека тоа ќе се случи. Знам!, вели Викторија Лоба, една од ѕвездите која со својот партнер ќе игра на овој хуманитарен хепенинг.
Цената на влезниците изнесува 500 МКД, а истите може да се купуваат веќе од 15. април.