Што ли ставате на коса – фатени 43.000 фалс лак и пена за коса Интеса и Wash & Go


Околу 43 илјади парчиња лак и пена за коса се запленети на граничниот премин Богородица под сомнение дека се фалсификат на заштитна трговска марка ИНТЕСА

Производите се пронајдени во турски камион управуван од лице со турско државјанство. Камионот бил натоварен со стока со турско потекло, пријавена за транзитна постапка  за увозник од Тирана, Албанија.

Wash & GoЗадржани се 23.590 парчиња лак за коса и 19.200 парчиња пена од марката „интеса“. Фактурната вредност на стоката изнесува 563 илјади денари, но доколку би се продавала како оригинал, вредноста би достигнала 4,9 милиони денари.

Покрај ова, во камионот пронајдени се и седум картони со непријавени етикети за шампони со трговската марка Wash & Go, за кои е утврдено дека го повредуваат правото на интелектуална сопственост. Пронајдени се и 1.000 картони по 24 парчиња парфимиран спреј против инсекти H-10, иако документарно биле пријавени само 307 картони.

Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а запленетата стока, како што информира Каргов, ќе биде уништена.

Извор – Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1