Двојно убиство во Загреб, раскасапени до смрт двајца мажи


Двојно убиство, во четвртокот вечерта, се случило во наслебата Дубрава во Загреб.

Полицијата го уапси убиецот кој со нож усмртил двајца мажи на возраст од 67 и 42 години.dvojno-ubistvo

Мотивите за двојното убиство не се познати, а како што пренесува „Јутарњи лист“ повод најверојатно биле семејни несогласувања. Дел од медиумите пишуваат дека несогласувањата се за кому да припадне старателство врз дете по развод, но овие информации не се потврдени.

Убиени биле Владо Пешељ и неговиот кум Ивица Пилија, а медиумите пренесуваат дека во време на убистото бил забележан помлад маж како ја напушта куќата во која се случило злосторството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1