Е ова е фирма: Еве што им подари Apple на вработените за божиќ (Фото)


Калифорнискиот гигант секоја година за божиќните празници ги развеселува вработените со некој подарок, а оваа година на подарокот му додале и писмо со кое ги разнежиле вработените. Овогодинешниот подарок бил пoсебно прилагодена верзија на скап ранец наменет за преносење на електроника, посебен крој прилагоден за разни гаџети со неизоставното ЕПЛ лого.

Во приложеното писмо пишувало:

podarok-apple

„Ова е нашиот подарок за вас. Меѓутоа, тој подарок е невозможно да се спореди со она што вие ни го дадовте на нас. За подарокот е потребно мислење и сочуство. Потребно е во него да го вложите своето време, своите таленти, и своето срце. Вие ја подарувате вашата добрина, знаење, хумор и стрпение.

Ги подарувате така што го менувате колегата за да може да оди на заслужениот одмор. Ги подарувате секогаш кога го препознаете и пофалите направеното. Ги подарувате кога купувате кафе повеќе пред доаѓање на работа и го подарувате на колегата. Ги подарувате на почетокот на сезоната, но и накрајот на многу долгиот ден. Ги подарувате секогаш и без престанок.

Прекрасни производи настануваат во Купертино. Прекрасни моменти се создаваат поради вас. Тие моменти се ваш подарок за овие празници – на вашите клиенти, вашите колеги и цел свет. Ви благодариме“.

Разнежнетите вработени со подароците се пофалиле на социјалните мрежи, а еден од нив напишал дека ЕПЛ го разгалил.

Вработените во фирмата ГУГЛ исто така нема да се жалат на овогодинешниот подарок. Имено, според неофицијални информации сите вработени во ГУГЛ овие празници на подарок добиле скап паметен часовник со Андроид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1