Е ова е грижа за деца и мајки – 6 години породилно отсуство во Унгарија


За да се поттикне раст на наталитетот, Унгарците им овозможиле на трудниците, да можат по породувањето дури шест години да отсуствуваат од работа. Надоместите се одвиваат во три фази, првите шест месеци по породувањето мајките добиваат 70 отсто од дотогашната плата, помеѓу шест месеци и две години возраст на детето, се исплаќа 50 отсто надомест, додека во последниот период кој трае четири години, на мајката и се исплаќаат симболични 100 евра.

bremena bebe

Унгарија воведе уште една новина, а тоа е програма за вработување на бездомниците кои сега работат како дел од јавните градски комунални претпријатија и за тоа добиват минимална плата од 77.500 форинти.

Наместо на невработените да им дава социјална помош, владата на Виктор Орбан се одлучила за програма која би обезбедила работа за овој дел од популацијата. Во моментот, невработеноста во Унгарија е 7 отсто.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1