Е значи се има – Погреб на рати, плаќајте сега за 20 години ќе ве закопаме џабе


Здружението на кремисти „Огањ“ дадле необичен оглас во кој нудат можност на граѓаните, да трошковите за погреб ги отплатат на рати и тоа во наредните две децении.
На колку рати ќе може да ги отплатите овие трошоци, зависи исклучиво од тоа колку години имате.
На сајтот на ова здружение стои дека лицата до 50 годишна старост, овој трошок ќе може да го отплатат на 20 години, по месечна рата од 600 динари. Лицата до 60 години, трошковите од погребот ќе ги отплаќаат на десет години по 800 динари. pogrebЛуѓето кои се во седмата деценија од животот, својот погреб ќе го плаќаат на четири години и тоа во висина од месечна рата од 1600 динари. За сите постари од 70 години, ратата е многу помала, а нивниот износ е зголемен. Тие секој месец во наредните две години, ќе плаќаат по 3100 динари.
Секретарката на ова здружение Маја Николиќ вели дека овој вид на погодност, здружението го нуди уште од 1987 година, а за да можете да го искористите, морате да се зачлените во „солидарниот фонд“.
Најмногу членови имало во периодот од 1988 до 1991 година, кога имало и до 1000 годишно. Многумина кој тогаш се зачлениле денес имаат целосно исплатен погреб.
Најмногу ваквите услуги ги користат пензионерите или лицата кои се сами, а во последната година расте и бројот на оние кои што сакаат да ги поштедат своите деца од трошковите.
Покрај наведените улсови, пензионерите имаат уште една можност при плаќањето на овој трошок – во осум месечни рати да можат да исплатат 30,000 динари, а останатото да го надомести ПИО како посмртнина.
Пензионерите кога ќе се одлучат за ваков чекор, мораат да потпишат анекс на договорот преку кој посмртнината која ја обезбедува Пензионерскот инвалидски фонд ќе ја преземе „Огањ“.
Од ова здружение велат дека нивната цел е да им олеснат на луѓето да си ги исплатат трошоците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1