Ебола почнала од да се шири од 2 годишно дете пред 11 месеци


Пред осум месеци детето за кое истражувачите веруваат дека е нултиот пациент со ебола имал треска, црна столица, и често повраќање. Во декември 2013 година, само четири дена по почетокот на симптомите, детето умрело.

ebola3Научниците не знаат како момчето било заразено со Ебола, но претпоставуваат дека тоа било во близок контакт со заразени животни, пренесува здравство24.

Кратко време по смртта на двегодишното дете од истата болест починале и неговата мајка, сестра и баба.

Еболата се проширила надвор од селото по погребот на бабата, бидејќи луѓето на погребот биле во близок контакт со телото. Две лица кои биле на погребот, го донеле вирусот во нивното село, од кој потоа се заразиле и здравствени работници и семејствата на заразените.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1