Ебола во Македонија: Странецот не бил сам, и негов пријател е со исти симптоми на инфективна?


Попладнево норвешки турист се онесвестил додека шетал низ трговскиот центар Мавровка во Скопје. На местото пристигнала и полиција како и медицински служби, јави Канал 5.

Очевидци тврдат дека виделе медицински персонал облечен во скафандери како го испитуваат паднатиот човек, бидејќи постои стравување од појава на ебола по враќањето на македонските аџии од Мека во земјава.

soobrakajka-mavrovka1

Другите медиуми јавија дека станува збор за британски турист кој починал во хотелот Супер осум во ТЦ Мавровка денеска околу 15 часот, додека негов пријател со симптоми е згрижен на Инфективната клиника во Скопје и за него постои сомнение бил е заразен од вирусот на ебола.

Пријател на Британецот кој почина попладнево со симптоми на ебола е задржан на Клиниката на инфективни болести, јавува Сител.

Вториот Британец кој исто така имал симптоми на ебола бил веднаш хоспитализиран каде е под лекарска терапија и медицински надзор.

Под силно полициско обезбедување е просторот кај трговскиот центар Мавровка каде во хотел биле сместени двајцата Британци.

Веста за прв смртен случај од ебола во Македонија ја пренесе и агенцијата Ројтерс.

За вечерва најавена е прес конференција на Министерството за здравство при што ќе бидат соопштени детали за настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1