Еден кандидат се повлече од изборот во Комисијата за медиуми


Привремената комисија за следење на медиумското претставување и на денешниот состанок не постигна согласност за избор на петтиот член, а притоа еден од кандидатите, Даут Даути, јавно соопшти дека ја повлекува номинацијата.mediumi kameri novinari

– Бидејќи пат-позицијата е поради самото персонално решение кој ќе го води ад-хок телото, а јас сум еден од двајцата сега веќе спорни кандидатури, ве молам мојата кандидатура да ја сметате како непостоечка со цел таа да не стане пречка за комплетирање на ад-хок телото, како и да не го задржи во заложништво целиот политички процес и да биде пречка за носење одлука за одржување договорени предвремени избори, информираше Даути преку соопштение испратено до Агенцијата за медиуми.

Привремената комисија ќе функционира како дел од Агенцијата за медиуми, при што во 100 дена пред изборите, кога ќе се спроведува засилено набљудување на информирањето, одлуките на Комисијата треба да бидат задолжителни за Агенцијата. Тие одлуки можат да доведат до постапки за казнување на телевизиите и радио станиците, за прекршување на методологија за известување подготвена според француски модел, која телевизиите ја оценија како претерано строга и произволна.

– Мислиме дека ќе најдеме решение во потребниот рок. Се надевам дека во Комисијата ќе го одбереме најоптималното решение кое што ќе доведе Комисијата да одлучува легитимно, без проблематизирање и врз основа на методологијата, изјави Горан Трпеноски, еден од четворицата актуелни членови на Комисијата, кои со консензус треба да го изберат петтиот член.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1