Еден од најмоќните луѓе тврди дека светот е на раб на катастрофа


Светот во моментов се соочува со многу сериозна геополитичка ситуација, поопасна од онаа во Втората светска војна.

Родшилд предупредува дека економската економија е на стаклени нозе. Светскиот БДП разочарал со нееднаквата стапка на раст во 2014. година, по шест години монетарни стимуланси и неверојатно ниски каматни стапки, рекол претседателот на “RIT Capital Partners”.apokalipsa

Тој оценува дека вредноста на книжните пари е намалена бидејќи државите настојувале да се натпреваруваат генерирајќи раст на штета на своите валути. Еврото и јуанот минатата година ослабеле за повеќе од 12 проценти во однос на американскиот долар.

-Покрај турбулентната економска позадина, соочени сме со геополитичка ситуација која е можеби поопасна од било која друга која сме ја имале од Втората светска војна. Хаос и екстремизам на Блискиот исток, ширење на руска агресија, невработеност и ослабена Европа, во главно поради неспроведувањето на структуралните реформи во многу земји членки на ЕУ”, рекол 78-годишниот бизнисмен.

Сепак, оваа процена не е толку мрачна, во споредба со прогнозата од минатата година. Тогаш овој банкар сметал дека забавувањето на растот на кинеската економија и можното преценување на вредноста на акциите би можеле да бидат најголеми предизвици во светот.

Ротшилд верува дека вложување во акции сè уште може да биде добра одлука на инвеститорите и покрај негативниот принос од обврзниците.

Тој позитивно го оценил тоа што повеќето компании транспарентно пријавуваат профити повисоки од прогнозираните, заедно со стабилниот раст на примањата.

-Во Европа, комбинацијата од посилно евро, агресивниот програм на квантитативни олеснувања и приносите на хартии од вредност, може да води кон поголеми вредности на акциите, рекол банкарот во својата изјава.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1