Во Србија се регистрирани три случаи на лица заболени од западнонилска треска, од кои едно веќе им подлегнало на последиците на болеста, јави Танјуг, повикувајќи се на соопштение на српскиот Институт за јавно здравство.
– Врз основа на податоците доставени до Институтот и лабораториските наоди, регистрирани се три случаи на лица заболени од западнонилска треска, од кои едно почина од последици кои можат да се доведат во врска со оваа болест – се наведува во денешното соопштение на Институтот.
Во соопштението се посочува дека починатиот пациент бил на возраст од 81 година.
Две од заболените лица од западнонилска треска поттекнуваат од јужен Банат, а третото од областа Мачва.