Еден трилион долари годишно поради сајбер криминалците


Експертите во најголемата сајбер истражувачка лабораторија во Велика Британија на Универзитетот во Белфаст со здружени сили заедно со своите колеги од Универзитетот Ланкастер, водат војна со комјутерскиот криминал, кој годишно оваа земја ја чини повеќе од 27 билиони фунти.

Со новото партнерство ќе се формира група на креативни и иновативни сајбер за безбедност истражувачи.

Во моментов економската цена на комјутерскиот криминал на глобално ниво се очекува да изнесува помеѓу 250 билиони долари до 1 трилион долари на годишно ниво.

Во Велика Британија комјутерскиот криминал ги чини бизнисмените 21 билион фунти, 2,2 билиони фунти владата и 3,1 билиони фунти граѓаните. Поради недостигот на висок квалификуван сајбер безбедносен кадар, новата цел на универзитетите ќе биде нивна меѓусебна соработка, со цел да се создаде соодветна одбрана од криминалот на иднината.

Новиот сојуз кој е формализиран со потпишување на меморандум за разбирање, вклучува исто така делење на ресурсите, идеите, знаењата и откритијата на динамичните области на истражувањето.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1