Едно лице загина, а повеќе од 70 се повредени откако синоќа ураган ги погоди северните делови на Италија во реонот на Венеција, соопштија властите во областа Венето.
Двајца од настраданите се здобиле со сериозни повреди и се наоѓаат во болница. Вкупно 150 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови поради предизвиканите материјални штети.
За помош во загрозените реони се испратени 20 медицински екипи и два хеликоптера.
Метеоролозите прогнозираа силни грмотевици во северниот дел на Италија по неподносливата горештина во последните денови. Температурите во северниот и централниот дел на земјата достигнаа 40 степени.