Едно лице загина, а осум деца се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во близина на кочанското село Оризари.
Полицијата извести дека трактор со приколка во која се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Возачот на тркаторот загинал на самото место, а осум малолетни лица се тешко повредени и се транспортираат кон Клиничкиот центар во Скопје. Децата кои се превезувале во приколката на тракторот се од кочанското село Грдовци.
Општата болница во Кочани и Итнатата медицинска помош на кочанскиот Здравствени дом ги користат сите возила за транспорт на поврдените патници од местото на несреќата до болницата и до Клиничкиот центар во Скопје.
Фотографија: Курир