8 км колона од автомобили ја блокираше Стража (Фото)


На патниот правец Гостивар -Кичево на 1,5 км. пред Стража поради реконструкција на мостот сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово – Дебар – Струга.Поради овие причини е направена колона од 7-8 километри во правец од Гостивар до Стража и сообраќајот е забавен, на моменти и стопиран поради наизменичното пропуштање на возилата. Во текот на денот се препорачува алтернативно одење спрема Охрид преку Прилеп, јавува Охридњуз.

ФОТО: Ohridnews

pat_2

pat_1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1