Метеорологот Игор Ковачевиќ кој беше единствен што прогнозираше дека доаѓаат снег и поплави на Балканот сега тврди дека доаѓа нова опасност, пренесуваат српските медиуми.
Ковачевиќ вели дека со доаѓањето на повисоки температури ќе дојде и нова опасност.
Два дена пред катастрофата која ја погоди Балканот, а најмногу БиХ и Србија, тој предупреди дека доаѓа нова опсаност, но за жал надлежните служби тоа не го сфатија сериозно.
И покрај 48 часа предност на предупредувањата во однос на катастрофата, не беа покренати припреми за предвидената опасност.
Метеорологот сега тврди дека место за опуштање нема бидејќи најавените повисоки температури од околу 30 степени ќе донесат нови опасности.
Кога големата количина на снег во Босна ќе се стопи, ќе донесе ист или полош ефект од оној кој што сега го имаме.
-Мене прктично ме боде во очи онаа голема количина на снег на планините во Босна, бидејќи со топењето кое пристигнува, а може да биде изразено и следната недела, сетоа тоа наеднаш ќе се топи и ќе ги активира плнинските потоци и реки, само се надевам без поголеми последици, вели Ковачевиќ.
Во Србија се очекува дека на местата кои беа погодени со големи поплави, по покачувањето на темепратурите ќе дојде до надпросечно испарување кое ќе влијае на појава на локални дождови.