Една чистачка на 1000 деца во струмичките градинки


Градинките во Струмица и годинава се соочуваат со проблемот околу малиот број на кадар. За хигиената на 1000 деца во просториите на четирите градинки во Струмица се грижи само една вработена хигиеничарка.

Во сите четири градинки има вкупно 68 вработени, а потребата од воспитувачи, хигиеничари, садомијачи и останат кадар по систематизација изнесува 112, вели првиот човек на градот Зоран Заев. Тој денеска истакна дека не можат веќе подолг период да добијат согласност за испразнетите места по основ на пензионирање.

gradinka-700x357„Воспитно образовниот процес се одвива под едно ризично и незадоволително ниво. Во четирите градинки имаме прифатено околу 1000 дечиња, а за сите нив има само еден хигиеничар. Реално имаме потреба од уште 13 воспитувачи, седум негуватели, осум садомијачи и 16 хигиеничари. По ваквата слика, сите можат да сфатат колку е лоша состојбата со наставниот кадар“, рече Заев.

Струмичкиот градоначалник апелираше на брза интервенција од ресорното министерство со цел за соодветна нега и воспитна дејност во детските градинки.

Одговор за ваквата состојба побаравме и од надлежните во Министерството за труд и социјална политика. По испратените прашања на нивна аадреса за катастрофалната состојба за која апелираше и струмичкиот градоначалник до денеска одговор не добивме.

НОВА.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1