Една е мајка, еден е татко – бракот влегува во Уставот


Дефинирањето на бракот како заедница исклучиво меѓу маж и жена е вториот предлог кој, според предлагачите, ќе овозможи попрецизно дефинирање на брачната заедница, со што ќе се утврди дека бракот е заедница исклучиво само меѓу една жена и еден маж. Ова не е новина, со ваков предлог владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе уште минатата година и тој наиде на одобрување кај најголемиот дел од граѓаните, иако имаше и групи, пред се, здруженија кои се залагаат за заштита на правата на хомосексуалците, кои беа против. 

USTAV– Со промените се прави заштита на децата, се знае кој може да ги воспитува и да ги издига како малолетни особи. Таткото е татко, мајката е мајка – вели Аналитичарот Александар Пандов.

Уставните измени се однесуваат на 8 функционални целини, и тоа:
1. Промена на називот на Народната банка на Република Македонија,
2. Дефинирањето на бракот како заедница меѓу маж и жена,
3. Воведување на институтот Уставна жалба,
4. Промена на составот на Судскиот совет на Република Македонија,
5. Промена на надлежноста за одлучување по жалба на одлуките на Судскиот совет на Република Македонија за избор на судии, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на судија или на претседател на суд и воведување надлежност за одлучување по жалба на одлуките на Советот на јавни обвинители на Република Македонија за избор на јавни обвинители, разрешување или друга изречена дисциплинска санкција на јавен обвинител од страна на Уставниот суд,
6. Прецизирање на фискалните правила во рамките на буџетот и тоа за буџетскиот дефицит и јавниот долг,
7. Создавање на уставна можност за формирање на финансиска зона,
8. Пристапување за измени на Уставот на РМ со цел дефинирање на Државниот завод за ревизија како уставна категорија.

Vecer.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1