Една година затвор за доктор Ставриќ


Една година затвор доби офталмологот Дејан Ставриќ, кој беше обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

Пресудата е донесена по скратена постапка, во само едно рочиште, кое се одржа денеска.

stavrikj-540x303Основниот суд Скопје 1 на Ставриќ му ја укина мерката притвор, а како мерка на претпазливост, до правосилноста на пресудата на очниот лекар му е одземена патната исправа.

Ставриќ беше уапсен на 6 мај под сомнение дека противзаконски примил 2.000 евра. МВР го сомничи очниот доктор дека парите ги побарал како награда за посредување на пациент кој подолг временски период се лекувал на Очната клиника ,за да добие инвалидска пензија. Претходно, Ставриќ на пацинетот му дијагностицирал сериозно заболување на очите и констатирал дека лицето нема услови да продолжи со работа.Подолг временски период биле во контакт со пациентот кој се одлучил случајот да го пријави во полиција.

МВР: ЛЕКАРОТ ЗЕЛ МИТО ОД 2000 ЕВРА ЗА ДА ПОСРЕДУВА ЗА ИНВАЛИДСКА ПЕНЗИЈА (ВИДЕО)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1