МВР: Лекарот зел мито од 2000 евра за да посредува за инвалидска пензија (Видео)


Офталмолог од Клинички центар – Скопје примил мито од 2.000 евра од пациент за посредување за добивање на инвалидска пензија, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Полицијата вчера го уапси офталмологот Д.С. (46) за сторено кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание”.

1787d759-4ce6-427e-8007-203fe1e3b57aИмено, при медицински преглед на Клиниката за очни болести во Скопје, кој бил извршен од страна Д.С. каде претходно бил вработен како доктор, дијагностицирал болест на очите кај еден пациент, за што му рекол дека со таква дијагноза повеќе не ќе може да работи и дека за износ од 2.000 евра, може да му посредува за добивање на инвладиска пензија.

Пациентот го пријавил настанот минатиот месец, за што веднаш бил известен и надлежен јавен обвинител.

Во понеделникот (5-ти мај) оштетениот граѓанин и осомничениот телефонски се договориле да се сретнат наредниот ден во угостителски објект во Скопје кај меѓународната автобуска станица каде што парите требало да бидат предадени.

По средбата што се одржала вчера, Д.С. ги примил претходно криминалистичко-технички обработените пари во износ од 2.000 евра, а неколку минути подоцна бил уапсен. При личниот претрес кај него била пронајдена и друга медицинска документација, за која полицијата дополнително ќе утврдува дали е поврзана со други постапки за стекнување на право за користење на пензии.

Како што информира МВР, докторот офталмолог е сопственик на приватна здравствена установа „Центар за очни болести ОКО” во Скопје и вработен во приватната поликлиника “Корнеа Медика”.

Како што објавија повеќе медиуми, најверојатно станува збор за докторот Дејан Ставриќ. Во јавноста Ставриќ е познат како претседател на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар и ги предводеше протестите на лекарите против одлуката за плаќањето по учинок, на крајот на 2012 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1