Една од најголемите природни мистерии: Откриена е тајната на кралската пеперутка


Научниците конечно решија една од најголемите мистерии во природата, тајната на миграцијата на кралската пеперутка од Канада до Мексико.133139084-52211

Научниците веруваат дека откриле како функционира внатрешниот компас на кралската пеперутка т.е. како просторно се ориентираат во текот на миграцијата секоја есен и летаат токму во насока на југозапад. Имено, никогаш не било објаснето како мозокот на пеперутките прима и обработува информација за локацијата, т.е. како знае каде треба да лета, пишува Телеграф.

Секоја година кралските пеперутки летаат илјадници километри од северот на американскиот континент, од Канада во потоплите краеви на Мексико. Се работи за навистина посебен вид на овие прекрасни инсекти, во една година живеат дури четири генерации на кралската пеперутка, а најдолго живеат токму тие што учествуваат во преселбата која почнува во рана есен.

„Компасот на пеперутките дава две информации, кое време е во денот и која положба има сонцето, за да знаат каде е југ. Сакавме да дознаеме како кралската пеперутка ги обработува овие две различни информации и секоја есен лета на југозапад‟ – рече Ели Шлизерманоф, автор на истражувањето.

Кралската пеперутка ги користи своите големи очи за да ја види положбата на Сонцето, но тоа не им е доволно за да ја одредат насоката по која треба да летаат. Им треба информација за тоа кое време е во денот. Како и сите други суштества, имено, имаат свој внатрешен часовник кој се наоѓа под пипците, а кој ги одредува физиолошките потреби и однесувањето во одреден период во денот.

Кралската пеперутка има и единствен механизам, точка на раздвојување која контролира дали пеперутката треба да појде на лево или на десно, за да ја фати насоката кон југозапад. Како што се менува времето во текот на денот, така се менува и позицијата на таа точка во видното поле на пеперутката. Овие пеперутки никогаш не ја поминуваат точката на раздвојување, поради што не наоѓаат пократок пат за да дојдат до целта, а и ако случајно свртат од патот, враќањето на рутата е бавно и долготрајно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1