Една од најголемите тајни: Бункерот на Енвер Хоџа (ВИДЕО)


Додека во центарот на Тирана се одржуваат антивладини протести, премиерот Еди Рама го отвори за јавноста подземниот антинуклеарен бункер на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа.

Рама беше придружуван од повеќе министри, како и од американскиот амбасадор Александер Арвизу и италијанскикот Масимо Гајани. Тие заедно го поголем број граѓани ја проследија и видео-музејската изложба „Бункер арт“.

bunker

Подземниот антинуклеарен бункер се наоѓа на периферијата на Тирана, на километар и половина од клиничката болница „Мајка Тереза“. Претставува гигантска петкатна градба, од седумдесеттите години на минатиот век, располага со 106 соби, каде во случај на војна би се криеле тогашните албански власти. Соби, канцеларии, голема сала каде би се состанувал Генерал штабот, како и Народното собрание.

Премиерот Рама отворањето на бункерот го оцени како прашање на дел од едно богато колективно сеќавање и минато од кое треба да се ослободат албанските граѓани.bunker 22

– Го отвораме за јавноста тајниот антинуклеарен бункер на комунистиката диктатура. Стари чуда нови изненадувања, во една зграда под земја, изјави Рама, потсетвајќи што се албанските граѓани преживеале за време на комунистичката диктатура и изолација.

Бункерот се очекува да стане атракција која ќе ја посетуваат голем број туристи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1