По 7 години неуспешни обиди, дознала дека е бремена пред погребот на сопругот


Животната приказна на семејството Кирчер од Австралија го потресе светот и истата е доказ за тоа како судбината може да си поигра со човечките животи.

Имено, приказната на Кристи Кричер ги расплака дури и најрамнодушните срца ширум светот. Таа е несреќна вдовица која во текот на вечерта пред погребот на нејзиниот сопруг Ројс, дознала дека е бремена, откако седум години тие неуспешно се обидувале да добијат дете.

bremena

 

Повеќе од 12 месеци, Кристи и Ројс преку каналот ”ConceiveABaby”, на интернет сервисот “YouTube”, ги прикажувале нивните обиди да станат родители, но сега, несреќната вдовица го користи интернетот за полесно да ја преброди тагата по смртта на нејзиниот сопруг, триесет и петгодишниот Ројс кој загинал во страшна сообраќајна несреќа на 8 октомври.

Трагичната сообраќајна несреќа се случила во непосредна близина на нивниот дом во Квинсленд, точно пет дена откако Кристи за првпат подлегнала на третман за вештачко оплодување, третман за кој овој брачен пар штедел цели три години, пренесува ”Daily Mail”.

“Бремена сум, но не требаше мојата приказна да ја раскажувам вака”, рекла Кристи во првото видео кое што го објавила на каналот, по трагичната смрт на нејзиниот сопруг. “Во моментите кога помислив дека немам за што повеќе да живеам, ова бебе… мојот сон и сонот на мојот сопруг отсега ќе биде причината поради која ќе живеам”, додала Кристи.

Во текот на погребот на нејзиниот сакан сопруг, Кристи им соопштила на присутните дека штотуку дознала дека е бремена.

sudbina-zal-invit-04
“На погребот се двоумев дали да кажам дека сум бремена. Беше навистина тешко, затоа што Ројс лежеше во ковчегот, но тоа беше последниот момент во кој можев да ја соопштам бременоста во негово присуство”, се присетила Кристи со солзи во очите.

За целата животна приказна на оваа несреќна жена да биде уште потрагична, парот го укинал животното осигурување на Ројс само две недели пред неговата неочекувана смрт,а Кристи дала отказ од работата за да може да се посвети на третманите за оплодување, по инсистирањето на нејзиниот, сега веќе покоен сопруг.

Сепак, во тешкиот период, Кристи добива огромна поддршка. Така, најблиските пријатели и членови на семејството на парот формирале фондација со која се собираат потребните парични средства за Кристи да има безбедна бременост, да може да ја плати хипотеката за семејниот дом и да може на своето дете да му овозможи нормален живот како самохрана мајка.

Она што е за секоја пофалба е информацијата дека за само 23 дена, фондацијата собрала повеќе од 19.000 долари.
Tocka.com.mk

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1