На социјалните мрежи се појави фотографија, направена во Прилеп на која се гледа дека една од палмите, насадени пред неколку дека пред општинската зграда во Прилеп, завршила во контејнер, пренесува порталот 10без10.ком
„Македонски шуми“ платило 500 евра по стебло за палмите што беа засадени низ градовите во Македонија, или вкупно околу 522.000 евра за 1.100 садници. Палми од видот trachycarpus fortunei, односно влакнеста палма, чие стебло расте повеќе од четири метри, се засадени во Охрид, Прилеп, Дојран, и во Вевчани, а планирано е да се посадат и во други градови во земјава.