Едно 20 год момче претепано – друго прободено со нож во Скопската чаршија


Stara Skopska carsija 2

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ј.(20) од Скопје за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против Е.А.(20), за „тешка телесна повреда“.

На 23.03.2013 година, во Скопје во Старата чаршија, на терасата пред ќебапчилницата „Тетекс“, додека Ј.С.(20) седел со негов другар, дошле пријавените, по што Е.А. поради претходно недоразбирање започнал вербална расправија со Ј.С., а на заминување, физички го нападнал Ј.С., од што истиот изгубил свест и паднал на камената подлога, здобивајќи се со тешка телесна повреда во пределот на рамото. По ова, Е.Ј. со нож го повредил другарот на Ј.С., Б.Р.(20) нанесувајќи му повреда во пределот на слабината.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1