Едно име во личната карта, друго за во јавност – Вистинските имиња на познатите


Уметничките имиња и разно-разните псевдоними пејачите си ги ставаат со цел публиката полесно да ги запамети, но во голема мера и затоа што повеќето се срамат од своето потекло.

Кај нас ретки се тие што своите имиња ги имаат заменето со нови, освен Врчак, Панчо ака Шорти Пи, Џеј Џеј, чии крстени имиња всушност се Раде Врчаковски, Владимир Блажев и Јован Јованов, фолкерката Саманта, која всушност е Лидија, Ноне се вика Благородна, Кристијан Габровски едно време беше Ристо Бомбата, Гаро е Гарабет Тавитјан, Панки – Сашко Каимовски, Франц – Владимир Крстевски …Screenshot_94

Тони Зен (Тони Петковски), Слаткаристика (Марко Маринковиќ), ЛД Пистолеро (Владимир Пешев)

Еден од постарите диџеи, Љупчо Петрески, е човекот кој се крие зад псевдонимот Бабура, а неговиот колега Кирил Зарлинов пушта музика под името Ерик Фокс. Всушност, неговото диџејско име е наопаку прочитано неговото вистинско име  (Кире – Ерик).

Покрај раперите од помладата генерација има и постари музичари со прекари, како што е Џинас Папас Џокси, некогашниот пејач на „Макакус“, на кого во личната карта му пишува Ѓорѓе Васиќ.

 Вистинското име на Бени Шаќири е Арбен, на фолкерката Бади Бекир е Небахат, Адријана Ацевска е Адријана Кеш, Сања Барбика е Сања Цинцева….листата на домашен терен отприлика завршува тука.

Во соседството ситуацијата е поинаква, па така ретко кој знае кои се Лепосава Мушовиќ, Нада (Гордана – Надежда) Полиќ, Владан Аксентијевиќ, Снежана Мишковиќ и Хамит Џогај. Тоа всушност се Лепа Лукиќ, Ана Бекута, Ајс Нигрутин, Викторија и Џоле Џогани. Меѓу првите тамошни јавни фаци кои зеле псевдоним се Лола Новаковиќ, која всушност се вика Зорана Новаковиќ, Лео Мартин е Милош Јовиќ.pejaci balkan

Вистинското име на Силвана Арменулиќ е Зилха Барјактаревиќ, а Оливера Катарина се родила како Оливера Петровиќ. Многумина земаат други имиња заради кариерата.  Па Дара Бубамара е Радојка Аџиќ, Сека Алексиќ, ако може да и се верува на нејзината лута ривалка Карлеуша, се вика Зухра Рамизај.

Зад најпознатиот псевдоним Лепа Брена се крие Фахрета Живоиновиќ, некогаш Јахиќ. Имињата на фамилијата Џогани тешко дека публиката ќе ги запаметела ако не си ги сменеле – Хамит во Џоле, а брат му Газмен од Фанки Џи во Гаги. Фолкерот Аца Лукас всушност е Александар Вуксановиќ. Она Лукас го добил заради сплавот на кој долго настапувал.

Екстра Нена е Сашка Бериќ, Миле Китиќ – Милојко, Беби Дол – Драгана Шариќ, Слаѓана Милошевиќ – Александра, Скај Виклер – Ѓорѓе Миљеновиќ. И актерот Драган Николиќ има поразлична лична карта, а во неа пишува Драгослав. Вистинското име на Бора Чорба е Борислав, Неле Карајлиќ се вика Ненад Јанковиќ, Инспектор Блажа – Игор Блажиќ, Рамбо Амадеус – Антоније Пушиќ, а Филип Цептер – Милан Јанковиќ.

Во светот пак е непишано правило славните да имаат уметнички имиња. И светските ѕвезди имаат едно име во личната карта, а друго за во јавност, таков е случајот, на пример, со Мерилин Монро, Мадона и Лејди Гага, чии вистински имиња се Норма Џин Мортесон, Мадона Луиза Чиконе и Стефани Џоана Анџелина Џерманота. Зад Шер, на пример, се крие Шерилин Сакрисијан, Еминем е всушност Маршал Матерс, додека Фреди Меркјури е роден како како Фарок Булсара…

Стефани Џоан Анџелина Џерманота
Ако се земе предвид ексцентричноста на Лејди Гага, не ни чудно што има уникатно име. Гага е само една од многуте познати личности кои го смениле името, кое во нејзиниот случај е земено од песната на „Квин“ од 1984 година, „Radio Ga Ga“.243999_lady-gaga02-reuter_f

Кетрин Елизабет Хадсон
Кети Пери според личната карта носи име на друга славна жена. Нејзиното вистинско име е Кетрин Елизабет Хадсон, што е речиси идентинчно со името на актерката Кејт Хадсон.

Питер Џин Бејот Хернандес
Бруно Марс по завршувањето на средното училиште се преселил во Калифорнија каде постигна голем успех како соло пејач. Она што веројатно не сте го знаеле за него е неговото вистинско име.

Дестини Хоуп Сајрус
Родена е во Тенеси, а нејзините родители ѝ го дале името Дестини Хоуп затоа што верувале дека таа ќе постигне нешто големо во животот. Подоцна тие ѝ го дале прекарот „Смајли“ поради што таа многу се смеела како дете, од што скратено произлегло „Мајли“.

Шон Кори Картер
43-годишниот Џеј Зи всушност се вика Шон Кори Картер.

Оливија Џејн Кокбурн
И Оливија Вајлд спаѓа во славните личности кои имаат поинакво презиме од она кое го знаеме.

Карлос Ирвин Естевез
Родителите на Чарли Шин се од Шпанија, па не е ни чудно што му го дале името Карлос.

Милена Маркова Кунис
Мила Кунис е скратеница од нејзиното полно име и презиме Милена Маркова Кунис. Оваа актерка е родена во Украина.ashton_kutcher_dating_mila_kun

Woody Allen = Allen Konigsber
Muhammad Ali = Cassius Marcellus Clay, Jr.
Brigitte Bardot = Camille Javal
Robert Blake = Michael Gubitosi
Jon Bon Jovi = John Francis Bongiovi
Bono (U2) = Paul Hewson
David Bowie = David Robert Jones
Boy George = George Alan O’Dowd
Richard Burton = Richard Jenkins
Nicholas Cage = Nicholas Coppola
Michael Cain = Maurice Micklewhite

Maria Callas = Maria Kalogeropoulos
Cher = Cherilyn Sarkisian
Eric Clapton – Eric Patrick Clapp
Alice Cooper = Vincent Furnier
David Copperfield = David Kotkin
Tom Cruise = Thomas Cruise Mapother IV
James Dean = James Byron
Danny DeVito = Daniel Michaeli
Vin Diesel = Mark Vincent
Kirk Douglas = Issur Danielovitch

Bob Dylan = Robert Zimmerman
Eminem – Marshall Bruce Mathers III
Jodie Foster = Alicia Christian Foster
Michael J. Fox = Michael Andrew Fox
Greta Garbo = Greta Gustafsson
Whoopie Goldberg = Caryn Johnson
Jimi Hendrix = Johnny Allen Hendrix
Hulk Hogan = Terry Gene Bollea
Billie Holliday = Eleanora Fagan

Billy Idol = William Broad
Iggy Pop = James Jewell Osterberg, Jr.
Elton John = Reginald Dwight
Tom Jones = Thomas Woodward
Diane Keaton = Diane Hall
Ben Kingsley = Krishna Banji
Queen Latifah = Dana Owens
Bruce Lee = Lee Yuen Kam
Jay Leno = James Douglas Muir Leno

Sophia Loren = Sophia Scicoloni
Courtney Love = Michelle Harrison
Elle MacPherson = Eleanor Gow
Madonna = Madonna Louise Ciccone
Marilyn Manson = Brian Warner
Meat Loaf = Marvin Lee Aday
Freddie Mercury (Queen) = Frederick Farookh Bulsara
George Michael = Georgios Panayiotou
Moby = Richard Melville Hall

Marilyn Monroe = Norma Jean Mortenson (later Baker)
Demi Moore = Demetria Guynes
Chuck Norris = Carlos Ray
Ozzy Osbourne = John Michael Osbourne
Prince = Prince Rogers Nelson
Winona Ryder = Winona Horowitz
Susan Sarandon = Susan Tomaling
Stevie Wonder = Stevland Morris
Sylvester Stallone = Michael Sylvester Enzio Stallone

Ringo Starr = Richard Starkey
Sting = Gordon Sumner
Tina Turner = Annie Mae Bullock
Mark Twain = Samuel Langhorne Clemens
John Wayne = Marion Morrison
Charlie Sheen = Carlos Irwin Estevez
Martin Sheen = Ramon Estevez

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1