Едно лице е убиец на Мартин Јанушев – сослушани 35 сведоци


Едно лице е убиецот на Мартин Јанушев, соопшти денеска МВР.

Според МВР, убиството нема друга заднина, освен меѓусебно недоразбирање. Има напредок во истрагата, а по убиецот се трага. Досега се сослушани 35 сведоци, а обезбедени се и снимки од безбедносните камери, но и од камерите на околните објекти.

– Се работи за едно лице кое го извршило убиството. Разговарано е и направени се анализи со „Омерта агенцијата“, за да видиме дали е можно да има поврзување со настанот. Имаме релевантни информации и кога ќе се обезбедат сите докази, случајот ќе се се расчисти – рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот истакна дека од јули досега во земјава се случиле 12 убиства, од кои само две не се докрај расветлени – убиството на Дилавер Бојку во Струга и на Јанушев за кое МВР е на добра трага да ги обезбеди сите докази.

Јанушев беше убиен во петокот пред кафулето „Ред“ во населбата Аеродром.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1