Нема промени во ситуацијата на најтешко повреденото 14 годишно девојче кое лежи на КАРИЛ. Девојчето се опсервира, вели д-р Имер хасани за Канал5, а добро е што состојбата е стабилна и нема влошување. За подобрување потребно е време.
Момчето сто беше критично е во многу подобра состојба денеска и ќе биде префрлено на Клиниката за неврохирургија.
Во постабилна состојба е и девојчето – третиот пациент на КАРИЛ со повреда на слезината но поради подобра опсервација и следење на здравствената состојба таа ќе биде и денеска задржана на КАРИЛ во Ургентниот центар.
Другите деца се во стабилна состојба на одделение, се очекува да бидат пуштени на домашно лекување.
Канал 5