Едно од повредените дечиња пуштено на домашно лекување – девојчето се уште е во кома


На домашно лекување е пуштено едно од двете деца кои по несреќата кај кочанското село Оризари беа хоспитализирани во градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“. Според лекарскиот тим, сè подобрува здравствената состојба и на другото дете кое во Градска беше примено со потешки повреди, информираат од болницата.

sobt3_0Деветте деца кои се на лекување во Ургентниот центар се добро, а единствено нема промени во соостојбата на најтешко повреденото 14-годишно девојче кое уште е во кома и дише со помош на апарати, а има сериозни повреди на главата и градниот кош.

Несреќата кај Оризари се случи на 1 мај во вечерните часови, кога кај местото Илин дол, во близина на селото Оризари се преврте трактор во кој се возеле 17 деца. Возачот на тракторот, 63 годишниот Миле Давитков од селото Грдовци починал на самото место, а неговата сопруга 61 – годишната Смиља Давиткова починала на пат кон скопските клиники.

Четири од повредените деца биле внуци на починатите сопружници. Најмалиот патник бил седумгодишно момче, а најголемото има 23 години, велат од полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1