Муса Дајиб (1) од Минеаполис преживеал пад од 11-ти кат, откако пропаднал низ ограда на тераса.
Како што јавија локалните медиуми, детето се здобило со две скршеници на раката и е ставено на апарат за дишење. Се очекува дека ќе преживее бидејќи, како што изјавил неговиот лекар, тој се уште е малечок, а местото на кое паднал било меко. Децата, како што објаснил, се поеластични од возрасните и потешко им се кршат коските. Возрасен човек, според него, во случајов, сигурно би загинал.
Абдиризак Бихи, активист на сомалиската заедница во Минеаполис, на која и припаѓал малиот Муса, изјавил дека повеќе е загрижен за родителите, отколку за бебето. Тие, наводно, не можеле да зборуваат од шок.