Доколку се мачите се груби пешкири кои не мирисаат по перењето, не се грижете. Постои едноставно решение кое се наоѓа во вашата кујна.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/12/peskiri-vlaga-bud-1328585176-112565.jpg)
Ова може да го решите со сода бикарбона во комбинација со оцет, а оваа мешавина инаку е позната како драгоцена помош во домаќинството.
Сепак, пред да ја употребите имајте на ум дека пешкирите треба да се исперат на висока температура за да се уништат сите бактерии, но и да го нема непријатниот мирис.
Пешкирите треба да ги перете на 60 степени, но ако и после тоа не мирисаат машината вклучете ја на 90 степени. Доколку и по ова пешкирите го задржале непријатниот мирис, употребете сода и оцет.
Половина часа оцет ставете директно во машината за време на циклусот на плакнење, додека половина чаша сода потребно е да се стави во циклусот на перење.
Оцетот ќе ја омекне ткаенината, ќе ги отстрани дамките и бактериите додека содата ќе ги неутрализира потенцијалните мириси, но и дамките од храна и масло.