Едвај се опоравил: Ја сушел облеката на радијатор – лекарот го шокирал со дијагнозата


43-годишниот Крег Матер од Болтон, тврди дека благодарение на сушењето облека во куќата, „заработил“ инфекција на белите дробови.

Овој човек од Болтон тврди дека поради тоа што облеката ја сушел дома на радијатор, зработил инфекција на белите дробови. Тој тврди дека претрпел сериозни проблеми со белите дробови, поради габите кои настанале со сушењето на облеката на радијаторот во собата.

susenje-odece-na-radijatoru-u-sobi-1417682558-52028

„Почнав да закрепнува, дури кога ми беше дијагностицирана хронична белодробна аспергилоза и ми беа препишани посебни лекови за борба против габична инфекција“, раскажал овој татко на три деца.

Докторот му рекол дека неговите проблеми би можеле да станат уште поголеми и посериозни, па поради тоа, во изминатите 12 месеиц тој престанал да ги суши алиштата дома. Оттогаш забележал голем напредок во подобрувањето на неговото здравје.

Неговото искуство е едно од многуте кои ги истакнуваат докторите, кои предупредуваат дека сушењето во затворен простор може да претставува сериозен ризик за здравјето. Имено, облеката поставена на сушалки за алишта или радијатори, може да ја зголеми висината на влагата во домот и до 30% и да создаде идеални услови за развој на габи.

„Една тура од испрана облека содржи речиси два литри вода која е пуштена во собата. Повеќето од нас се имуни на габите кои се создаваат во тие влажни услови или телото може да се бори со зарази. Сепак, кај болните од астма можат да се појават проблеми со кашлање и отежнато дишење, а кај луѓето кај кои е ослабнат имунолошкиот систем, како болните од рак, на пример, кои се лечат со хемотерапија, габите можат да предизвикаат белодробна аспергилоза кај нив. Станува збор за состојба која може да биде неизлечива, а понекогаш може да дојде и до фатално оштетување на белите дробови“, објаснува професор Дејвид Денинг, кој советува облеката да се суши надвор, во сушалка или во затворен простор со добра вентилација – што подалеку од спалната и дневната соба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1