На автопатот Куманово-Скопје 67-годишниот И.С.К. од Бугарија вчера управувајќи „Мерцедес“ со бугарска национална ознака, во кое превезувал 12 туби со хемикалии-киселини, забележал чад од просторот наменет за товар. Тој застанал со возилото и внатре забележал пожар, по што изнел надвор девет пластични туби со по 50 литри течност-киселини, а пожарот сам го изгаснал.
При гаснењето на пожарот тој се здобил со изгореници по телото, по што е пренесен во Медицински центар Куманово, од каде е префрлен во Ургентен центар Скопје.
Киселините се разлеани на коловозот, а сообраќајот се одвива по сообраќајната лента за престигнување, пренесува Прес24.