Евтината дневна тарифа да биде само за социјално загрозените семејства и да важи две години, препорачуваат од европската енергетска заедница. Трошоците кои ќе бидат направени за оваа мерка да се покријат од буџетото а не да паднат на товар на потрошувачите. Анализите за тоа колку ќе чини сеуште траат, Надлежните не очекуваат да бидат големи и потенцираа дека враќањето на евтината дневна тарифа нема да биде спротивно на правилникот на ЕЕЗ.
Заедницата со критика до Македонија дека недоволно ги користи и обновливите извори на енергија со кои располага многу повеќе од некој други земји кои инвестираат многу во тоа и кои постепено се залагаат за намалуивање на учествотот на јагланот за добивање на струја.
Од енергетската заедница посочија дека Македонија што поскоро мора да ја спроведе либерализаицјата на пазарот на струја и да го воведе третиот енерегетски пакет. Порача министертвотот за економија да се зајакне со стручен кадар од енерегтскиот сектор, а составот во регулаторната комисија за енергетика да се менува секоја година.