Пирамида стара, повеќе од три илјади години, која му припаѓала на еден везир на фараонот Рамзес Втори е откриена во Луксор, во јужен Египет, изјави вчера египетскиот државен секретар за антиквитети Мохамед Ибрахим.
– Остатоците од пирамидата, која била висока 15 метри, а широка 12 метри ги пронајде заедничкиот тим на Слободниот универзитет во Брисел и Универзитетот во Лиеж, додаде Ибрахим.
Пирамидата му припаѓа на еден од везирите на Горен и Долен Египет, кој се викал Кај. Тој околу 15 години ја извршувал должноста, која е еднаква на премиерската функција за време на владеењето на фараонот Рамзес Втори.
Споменикот бил уништен во седмиот или осмиот век, а гробот бил претворен во коптско престојувалиште. Ова откритие е од голема важност, бидејќи везирот Кај им е добро познат на египтолозите преку бројни документи