Еј Шеки Шеки: Лепа Брена одбила Шеик да му пее на увце за Нова – и давал 50.000евра


Пејачката и сопственичка на „Гранд Продукција“ Лепа Брена, добила понуда да настапи за Нова година во Дубаи, на приватна забава за сума од 50.000 евра. Таа решително ја одбила оваа понуда и ќе остане најлудата ноќ да ја прослави со своето семејство во нивниот дом во Белград.
brena-lepi-bora-foto-damir-dervisagic-1393332542-451509
-Брена одби да настапи на забавата која ја организира еден шеик од Дубаи. Тој е еден од најмоќните во Обединетите Арапски Емирати, но и тој факт на српската пејачка не успеа да ја предомисли. На тој настап би биле присутни и богати луѓе од овие простори кои живеат и работат во Дубаи. На Брена и понудија 50.000 евра но таа не сакаше да ја прифати понудата. Поради се што во последно време и се случи, пред се смртта на мајката Ифета Јахиќ, решила таа ноќ да не пее. Со своето семејство, во својот дом ќе влезе во 2015 година – вели извор близок на семејството Живојиновиќ.
Газдарицата на „Гранд“ веќе од 1. јануари ќе отпатува на одмор. Таа планира дел од јануари да го помине на Златибор, а потоа ќе оди во Доминиканската Република.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1