EK: Потребни се објаснувања од Унгарија за одлуката за азил


Европската комисија го дели ставот на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан дека одлуката да му се додели азил на Никола Груевски заслужува дополнителни објаснувања од страна на унгарските власти.
– Нема бегање од владеењето на правото, изјави портпаролот на ЕК Маргаритис Шинас.

Тој порача дека одлуката за доделување на азил за Груевски е одлука на судијата и дека Европската комисија „не може многу да направи тука“, но оти тоа не значи дека не се потребни дополнителни објаснувања.

– Ваквиот тип на одлуки изискува дополнителни објаснувања, изјави Шинас.

Европската комисија потврди дека го добила писмото од европратеникот Бенедек Јавор во кој тој бара одговор од еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулост за легалноста на одлуката за азил на Унгарија.

Според Јавор, оваа одлука е спротивна на директива на ЕУ од 2011 година. ЕК сепак не сака да прејудицира кој ќе биде одговорот на Аврамопулос, изјави Шинас.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1