ЕК: Српските власти покажаа професионализам по инцидентот на фудбалскиот натпревар


Европската комисија ги поздрави денеска српските власти за начинот на кој се справиле со ситуацијата на вчерашниот фудбалски натпревар во Белград меѓу тимовите на Србија и на Албанија, кој беше прекинат во 42-та минута

evropska komisija

– Според нас српските власти покажаа професионализам при справувањето со ситуацијата, изјави Маја Коцијанчич, портпарол на високиот претставник за  надворешна политика и безбедност на Европската унија, Кетрин Ештон.Разочарани сме од тоа што се случи. Не ги прифаќаме забелешките на некои медиуми дека ЕУ е вмешана во тој инцидент. Политиката не треба да се користи за провокации на стадионите, додаде Коцијанчич.

Фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Србија и Албанија, што се одигра за квалификации за учество за Европското првенство 2016. беше прекинат синоќа во 42-та минута по инцидентот со албанското знаме.

Братот на албанскиот премиер, Орфи Рама беше уапсен синоќа во ВИП ложата на стадионот „Партизан“, под сомнение дека го организирал и раководел со инцидентот со албанското знаме, по што натпреварот беше прекинат. Подоцна тој беше ослободен и вратен во Албанија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1